Постигнат договор за прекин на огнот

САД и ОН синоќа соопштија дека Израел и Хамас постигнале договор за хуманитарен прекин на огнот што ќе почне денеска во осум часот по локално време и ќе трае 72 часа.

Во заедничко соопштение, САД и ОН наведуваат дека добиле гаранции од сите страни во конфликтот дека прифаќаат безусловен прекин на огнот што ќе се искористи за преговори за постигнување траен мир.

Соопштението за прекин на огнот го објавија американскиот државен секретар Џон Кери и Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун.

Во соопштението се наведува дека силите на терен ќе останат на своите позиции, што значи дека нема да има повлекување на израелската армија од Појасот Газа.

01.08.2014 - 09:18
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега