О Нил: Вие сте Македонци, вашиот јазик е македонски - името мора да се реши

Вие сте Македонци, а вашиот јазик е македонски. По 20 тина години неуспешни преговори Македонија треба да побара признавање од страна на Генералното собрание, за членство во ОН под уставното име, изјави амбасадорот Робин О Нил и прв медиатор во грчко македонскиот спор за програмата „Гласот на народот“.

Во врска изјавата на грчкиот премиер Андонис Самарас дека макеонскиот јазик е измилена творба на комунистите и дека никогаш не слушнал за таков јазик, британскиот дипломат, со критика: ..„комунизмот тврди дека измислил многу работи, но никогаш порано не сум слушнал дека измислил јазик“.

Во тој контекст, тој појаснува дека коментарите на Самарас за македонскиот јазик само покажале колку е  непријателски односот на Грчката влада кон Македонија. 

- Можеби тој се надева дека со овие изјави ќе ја добие и поддршката од националистичките елементи од Бугарија. Ова покажува колку е лошо за Македонија да се допушти ваков нереален спор да се влече со години. Станува се потешко да се најде рационалното решение, вели О Нил.

Токму поради сето тоа, тој верува дека Македонија треба да побара помош од целата меѓународна заедница со обраќање до Генералното собрание на Обединетите нации, во кое ќе искаже благодарност на Нимиц и неговите напор во изминатите дваесетина години да го реши спорот, но и жалење што тие не довеле до каков било напредок кон решение.

- Владата на РМ  му е енормно благодарна на Нимиц, за сите негови  дела, но,  мора со жалење да се заклучи дека, по дваесетина години поминавме без никаков напредок, и дека нема никакви  изгледи во изнаоѓање на решение за проблемот на тој начин. Поради тоа тие предлагаат да го известат генералнот секретар на ООН за овој заклучок, и да побараат признавање од страна на Генералното собрание, за членство на Македонија во ОН под уставното име како што е решено од страна на македонскиот народ, кој се изјасни на 8 септерври 1991 на денот на наезависнота, а кое е признато со меѓународно право.

Тој се осврна и на коментарот на германската канцеларка Ангела Меркел,околу можниот компромис.
 
- Со право може да се побара компромис во ситуациите каде што реално имаме спор. Но, во овој случај немаме вистински спор за името Република Македонија, како што овде објаснив, вели О Нил.

Што се однесува до приемот на Македонија во ЕУ и НАТО, додава тој, Меѓународниот суд за правда донесе пресуда дека според Времената спогодба меѓу Грција и Македонија, Македонија има право за аплицирање во овие организации под БЈРМ, и дека Грција не може да се противи на ова.

- Во оваа ситуација сметам дека постои обврска од страна на водечките земји на НАТО и ЕУ, САД, Германија и Велика Британија да ја притиснат Грција да прекине со опструкциите Македонија да стане членка на овие две организации. Ова би ја зајакнало стаблиноста во регионот, и би придонело за поголем прогрес. Ваков прием на Македонија во тие организации би требало да се реализира под соодветното име според меѓународното право: Република Македонија, дециден е амбасадорот О Нил.

За тоа дали дополнителните услови за прием на Македонија во ОН се во согласност со членовите од Повелбата на ОН и за коментарот на Нимиц во Скопје дека ОН не преговаараат за идентитети и дека мандатот се однесува за името амбасадорот О Нил со одговор:...„ Македонија е веќе членка на ОН. Грција смета дека постои спор меѓу неа и Македонија околу името Република Македонија. Според меѓународното право, секоја држава има право да го користи името кое саматата го избрала. Сепак, ОН повикаа двете  држави да го решат овој  спор, и Нимиц работеше со големо трпение многу години за да  пронајде прифатливо решение и за двете земји. За цело време  Грција не беше подготвена да покаже интерес за кое било име кое би претставувало своевиден компромис.“

Коментарите на  Нимиц при секоја посета на Скопје, според него, биле коректни и разумни. Тој се надева дека во Атина  има искрена  подготвеност за изнаогање  компромис, но вели, стравува дека ќе треба да заклучиме дека не постои надеж за успех на медијацијата на Нимиц.

- Вистината е дека Грција не сака да види решение на овој спор, поради причините кои се целосно во домен не грчката внатрешна полтитика. Името Република Македонија никогаш за овие 24 години не праваше никаква штета за Грција, ниту имаше штетно влијание врз стабилноста на Грција. Во оваа ситуација е созреано времето Македонија да се обрати до ОН и да објаси дека по 20 години овој проблем, кој никогаш не бил закана за меѓународниот мир и безбедноста, (член 2 (3) од Повелбата на ОН), заради пошироките интереси за стабилноста на Балканот треба да биде предмет на одлучување од Генералното собрание на ОН со гласање, вели британскиот дипломат.

Со други зборови, Македонија треба да побара од Генералното собрание на ОН да ја прифати Македонија во оваа организација со соодветно меѓународно име, Република Македонија. Ова, посочува, нема да го направи потешко приклучувањето на Македонија кон ЕУ и НАТО, туку ќе и го олесни овој процес.

И според професорот по Меѓународно право и долгогодишен истражувач на прашањето за името, Игор Јанев, политичко решение за името преку преговорите со Грција, не постои..

- Дипломатското признание од ваков вид е невозможно. Со оглед дека политичко решение не постои, излезот мора да се бара преку Резолуцијата на Генералното собрание на ОН, со која  ќе се смени деноминацијата ФИРОМ во уставното име Република Макдонија, или да се иницира добивање на советодавно мислење на Меѓународниот суд на правда за нелегалните дополнителни услови за РМ. Со добивање на Советодавно мислење од Меѓународниот суд, и негово прифаќање од Генералното собрание на ОН, треба да се изврши замена (со Резолуцијата) на нелегалната референца со уставното име Република Македонија, појаснува Јанев во изјава за „Гласот на народот“. 

01.08.2014 - 09:13
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега