Утре сообраќајот ќе се поремети - ѕирнете каде нема да се вози

Посебен сообраќаен режим најавува Министерството за внатрешни работи по повод утрежното одбележување на националниот празник Илинден во Скопје, Крушево и Пелинце.

На територија на СВР Скопје утре времено ќе бидат затворени за сообраќај улиците „Димитрие Чуповски“ и „11 Октомври“ од 9:30 до 10:30 часот, а пренасочувањето на сообраќајот ќе биде на крстосницата на улиците „Филип Втори Македонски“ и „Кеј 13 Ноември“, крстосницата на булеварот „Кочо Рацин“ со улицата „11 Октомври“, крстосницата на улицата „Васил Главинов“ со „Максим Горки“ и крстосницата на улиците „Димитрија Чуповски“ и „Даме Груев“.

На територија на СВР Куманово ќе биде воспоставен посебен режим на сообраќај, односно после 10 часот ќе има целосна забрана за сообраќај на моторни возила на регионалниот пат Р-1202 од клучката на магистралниот пат А2 и регионалниот пат Р-1202 или поточно од Св.Петка до с.Пелинце, каде ќе се одвива централната манифестација по повод одбележување на празникот.

01.08.2014 - 09:08
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа