Не чека уште многу дожд

Нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици проследени со засилен ветер ќе биде во петок. Поинтензивни врнежи од дожд се очекуваат во попладневните часови, каде локално се очекува да наврнат и до 25 литри дожд. Ќе дува засилен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува засилен североисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од 10°C до 20°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 19°C односно до 30°C. 

Во сабота претпладне ќе биде претежно сончево со локална облачност, попладне нестабилно со локални врнежи од дожд и грмотевици. Претежно сончево во текот на целиот ден ќе биде во централните предели и на југоисток од земјата. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер. Утринските температури од 11°C до 21°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 23°C до 34°C. УВ индекс 6.

Во Македонија во недела ќе биде претежно сончево и топло. Попладне услови за слаби локални врнежи од дожд ќе има во крајните северозападни, северни и источни предели. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер. Утринските температури од 12°C до 22°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 25°C односно до 36°C. УВ индекс 8. 

01.08.2014 - 00:12
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега