Објавен дел од разговорот помеѓу Нетанјаху и Обама

На интернет е објавен транскрипт од разговорот помеѓу израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и американскиот претседател Барак Обама и истиот предизвика бура од реакции.

Воопшто не е невообичаено две држави да имаат разговори во кои ќе имаат краток преглед на ставови и настани, кој во дипломатските разговори се нарекува "readoutom", но од целиот разговор може да се забележи дека Нетанјаху остро му се спротивставува на Обама.

Израелската телевизиска станица Канал Еден го објавила транскриптот на хербрејски јазик, а Тајмс оф Израел го објавиле и на англиски јазик.

Како изгледал целиот разговор?

Барак Обама: Барам Израел да се согласи на моментален, едностран прекин на огнот и да ја запре офанзивата, особено воздушните напади.

Бенјамин Нетанјаху: А што ќе добие за возврат Израел?

Барак Обама: Верувам дека Хамас ќе престане со нападите. На тишината ќе се возврати со тишина.

Бенјамин Нетанјаху: Хамас ги прекрши сите 5 прекини на огнот. Тоа е терористичка организација насочена кон уништување на Израел.

Барак Обама: Повторувам, очекувам Израел еднострано да ги прекине своите воени активности. Сликите од тоа како се уништува Газа го дистанцираат светот од ставот зад кој е Израел.

Бенјамин Нетанјаху: Предлогот на Кери е во целост нереален и му дава на Хамас воена како и дипломатска предност.

Барак Обама: Во рок од седум дена од завршувањето на израелските воени активности, Катар и Турција ќе започнат преговори со Хамас врз основа на договорот од 2012 година, а една од темите ќе биде и израелската посветеност за прекин на рестрикциите и „обрачот“ врз Газа.

Бенјамин Нетанјаху: Катар и Турција се најголеми поддржувачи на Хамас. Не можам да им верувам.

Барак Обама: Имам доверба во Катар и во Турција. Израел не е во позиција да ги бира посредниците.

Бенјамин Нетанјаху: Јас сум против тоа затоа што Хамас може да продолжи да користи ракети како и тунелите за терористичките напади.

Барак Обама: (Го прекинува Нетањаху на сред говор) Сега е на Израел да одлучи и мора да ги прекине сите свои воени активности.

Автентичноста на целиот разговор не е потврдена, а со оглед на тоа што САД одобри дополнителни 1 милијарди долари за воена поддршка на Израел, го става под знак прашалник целиот разговор.

Сепак има многу кои веруваат во веродостојноста, а целиот разговор покрена бура на рекации во светската јавност.

31.07.2014 - 16:18
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега