Поплави во делови од Чешка

По обилните дождови изминатите денови, нивото на реката Бланице во јужниот дел на Чешка е на трет степен на опасност и забрането е капење и возење на пловни средства, предупреди Државниот хидрометеоролошки завод (ЧХМУ).

Како што јави дописникот на МИА од Прага, поради небезбедното покачување на нивото на неколку други реки во тој дел од државата, извршена е евакуација на десетици лица од неколку околни кампови.

На бреговите на реките кои претставуваат опасност се поставени насипи од вреќи со песок. Проблеми има и во градот Брно, каде поради силните дождови неколку часа сообраќајот во центарот на градот е во прекин. Во наредните денови се очекува интензитетот на врнежите од дожд да се намали.

31.07.2014 - 16:02
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега