Аца Лукас заврши во болница

Популарниот пеач Аца Лукас завршил во болница поради воспаление на ушите. Тој по враќањето од Требиње веднаш отишол во болница, каде му ја дале потребната терапија.

- Од преголеми болки, едвај возев. Катастрофа. Штом стигнав од Требиње отидов во болница каде ми дадоа три инјекции против болки за воспаление и уште две. Не знаев каде се наоѓам, вели Лукас за српските медиуми и додава дека виновник за воспалението е клима уредот во автомобилот.

31.07.2014 - 15:55
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега