Борби во реонот на аеродромот во Триполи

По два дена релативно затишје, денеска повторно избувнаа жестоки судири меѓу ривалските милиции во реонот на аеродромот на либиската престолнина Триполи.

Напаѓачите презеле нова офанзива врз аеродромот, користејќи лесно и тешко оружје, изјави командант на силите кои го обезбедуваат аеродромот, според кого има ранети меѓу неговите луѓе.

Филипинските власти соопштија дека ќе најмат фериботи од Малта, за да ги евакуираат своите 13.000 граѓани од Либија, откако таму беше киднапирана и силувана филипинска медицинска сестра.

31.07.2014 - 15:33
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега