Бараа откуп за Тијана преку Фејсбук, па се извинија!?

Основачите на контроверзната страница на социјалната мрежа Фејсбук „Тијана Јуриќ- Како да се дојде до неа“, брзо го смениле изгледот на страницата, ја симнале сликата на киднапер со дете и поставиле известување дека тоа го направиле за да привлечат внимание на јавноста поради потрагата по исчезнатото девојче.

Но, по неколку минути целата страница е избришана. Како што објави српскиот „Телеграф“, полицијата трага по лицата кои ја поставиле оваа страница, а според оперативните податоци од терен, во прашање е бизарна шега.

Претходно „киднаперите“ напишале „Се извинуваме поради непријатностите. Само сакавме да привлечеме внимание на јавноста. Со цело срце сме со Тијана Јуриќ“.

31.07.2014 - 15:15
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега