Поради седиште во автобус и го скршил носот - Србинка долго ќе го памети патувњето низ Македонија

Ја удрил со глава и и го скршил носот. Катастрофално завршил одморот за 41 годишната Виолета С. од Србија поради столче во автобус.
Вилоета со своите две ќерки синот и сестрата се враќала од одмор во Грција. Пред неа седело 30 годишно момче со својата девојка.
Во еден момент, момчето почнало да го спушта наслонот на седиштето по што Виолета замерила образложувајќи дека нејзината сестра е е полна и дека нема да има простор за седење.
Тогаш момчето почнало да ја пцуе по што, таа вратила. Во кавгата, 30 годишниот Србин станал од своето седиште, дошол до неа и ја удрил со главата.
Од ударот, Виолета добила фрактура на носот. Се се случувало додека автобусот поминувал низ Македонија, Возачот и туристичкиот водич не сакале да застанат и да повикаат полиција убедувајќи ја дека е подобро тоа да го стори во Србија.
Виолета најавува тужби против напаѓачот но и против туристичката агенција.

 

 

30.07.2014 - 10:57
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега