Крвава ноќ во Украина

 

Локалните власти соопштија за најмалку 19 цивилни жртви во жестоките борби што ноќва се водеа во источните делови на Украина.

Украинската војска ги потиснува проруските сили се подлабоко кон нивните упоришта Доњецк и Луганск, а исто така се обидува целосно да опколи некои подрачја кои моментно се под контрола на сепаратистите, вклучувајќи го и местото на уривањето на малезискиот авион.

Градските власти на Горловка соопштија дека синоќа во нападот врз овој град загинале 14 цивили, меѓу кои пет деца, додека властите во Луганск нагласија дека пет луѓе се убиени кога граната погодила дом за стари лица.

- Непријателот ги користи сите расположливи средства за целосно да ја опколи „Доњецката Народна Република“, изјави синоќа командантот на проруските сили Игор Стрелков.

29.07.2014 - 12:47
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега