Косовци поврзани со терористички организации од Сирија

Косовскиот јавен обвинител Севиде Морина, изјави дека специјалното јавно обвинителство на Косово води истрага за 11 случаи на врски со терористички организации од Сирија и за 23 случаи на воени злосотрства.

На гостување во емисија на Радиотелевизија Косово, Морина нагласи дека Обвинителството разгледува 11 случаи на поврзаност на Косовци со терористички исламистички организиции кои се вклучени во конфликтот во Сирија, како што се Исламската држава во Ирак и Левантот и огранокот на Ал Каеда во Сирија, Фронтот Ал Нусра.

Таа потенцира дека Обвинителство со посебно внимание ги следи случаите на млади Косовци кои во последно време се почесто заминуваат во Сирија, каде се приклучуваат кон разни терористички организации.

Покрај ова, според Морина, Обвинителството води истрага и против 23 косовски Албанци за кои постои сомнеж дека извршиле воени злостроства за време на конфликтот во Косово.

28.07.2014 - 12:49
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега