"Другарите ми се давеа пред очи" - потресна исповед за момчињата кои се удавија во Дунав

Вистинска трагедија ја потресе Србија откако се удавија две момчиња. Се работи за 18-годишниот Милош Бешевиќ и неговиот врсник Бојан Јовановиќ кои како што пренесува српскиот Ало, пред два дена во 13 часот се удавиле во Дунав.

Мештаните за српските медиуми велат дека за среќа од давење била спасена и една девојка, која ја спасил капач кој се нашол во близина. Се работи за 19-годишната Сандра Јовановиќ која им била најверна другарка на двете момчиња. Таа се спасила, иако за жал за момчињата немало спас.

- Влеговме постепено, водата ни беше до колкови, се се случи набрзина. Стоевме и зборувавме, а Милош почна да плива. Одеднаш почна да се дави, го фати паника и ме повлече. Беше страшно. Се обидоа да се извлечат од водата, но не успејаа. Пред мои очи гледав како ми се дават другарите, вели потресеното девојче.

Тинејџерите биле најдобри другари од детството. Заедно оделе во основно училиште и постојано биле заедно. Оваа трагедија го потресе регионот.

28.07.2014 - 10:47
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега