Трагедија: Ова се момчињата кои се удавија во Дунав

Вистинска трагедија ја потресе Србија откако се удавија две момчиња. Се работи за 18-годишниот Милош Бешевиќ и неговиот врсник Бојан Јовановиќ кои како што пренесува српскиот Ало, вчера во 13 часот се удавиле во Дунав.

Мештаните за српските медиуми велат дека за среќа од давење била спасена и една девојка, која ја спасил капач кој се нашол во близина: -Сите тројца беа во водата кога ненадејно паднаа во вир. Девојката успеа да ја спаси еден мештанн, вели еден од познавачите на трагично загинатите момчиња.

Родителите на Бојан се скршени од болка бидејќи преживуваат нова трагедија откако пред неколку години и нивната ќерка загинала во сообраќајка.

27.07.2014 - 12:06
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа