Ја изрешетал сопругата со 15 куршуми - двојно убиство и самоубиство

Албанската јавност повторно згрозена од криминал во семејство, јави дописникот на МИА од Тирана.

Доцна синоќа во куќа во близина на селото Бобоштица, кај Корча, се случи двојно убиство и самоубиство. Потврдено е дека 50-годишниот Едмонд Фиќи со 15 истрели од автоматска пушка ги усмртил 10 години помладата сопруга Албина  и едногодишниот син, додека спиеле, по што пред влезната врата на куќата си пресудил самиот.Едмонд, кој четири години живеел и работел во Грција и воошто не дошол дома, деновиве се вратил и сопругата ја затекнал со дете, по што почнале меѓусебните расправии, кои завршиле со масакрот извршен синоќа.

Во вторникот во селото Сук кај Фиер седумдесет и три годишниот Бајрам Врапи со ловечка пушка ги усмрти неговите двајца браќа Џемаил (69) и Бесим (60) сопругата и ќерката на Бесим, Дрита (43) и Мируше Врапи (17), а потоа се самоубил, бидејќи не се согласувал со избраникот на внуката која требало да се сврши трагичниот ден.

25.07.2014 - 14:59
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега