Хрватскиот вицепремиер итно пренесен во болница

Хрватскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Ранко Остоиќ е на интензивно лекување во болница, неговата состојба утрово е многу сериозна, но стабилна, јавија хрватски медиуми.

Лекарите се борат за неговиот живот. Остоиќ има тежок степен на сепса. Хрватската телевизија соопшти дека му откажал црниот дроб и едниот бубрег.

Министерот бил примен во Интективната болница во петокот со висока температура, во саботата бил итно префрлен на „Ребро“ и опериран. Во неделата, меѓутоа, станало јасно дека животот на министерот е во опасност.

Од Владата соопштија дека кај Остоиќ бил утврден воспалителен процес во областа на вратот и во саботата бил подложен на итна операција и дренажа. 

21.07.2014 - 12:13
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега