Скандал во Будва: Цеца ја напушти бината среде настап

Во текот на синоќешниот настап на Цеца во Будва се случи невиден скандал.
 
Имено во преполниот клуб, публиката во делириум ја поздрави фолк дивата кога излезе на бина. Таа почнала да ја пее “Београд“, но едвај се слушала. Публиката почнала да пее погласно. Таа и натаму пееле, но ништо не се слушало поради проблем со микрофонот.
 
Видно бесна поради проблемот со микрофонот почнала да ја пее втората песна “Иди док си млад“. но и натаму ништо не се слушало.
 
Публиката почнала да им скандира “Уааа“ на организторите, и и помагале да отпее.
 
Техничките проблеми го одбележаа почетокот на настапот на цеца во дискотеката “Топ Хил“, поради што таа беше принудена да се симне од бината, а луѓето продолжиле да скандираат.
Потоа и бендот ја напуштил бината, а ди - џеј пуштал музика.
 
Луѓето скандирале “Вратете ни ги парите!“ Точно во два часот по полноќ, Цеца повторно се појавила на сцена и атмосферата се вжештила на радост на сите присутни.
 
Во публиката биле и многу нејзини колеги, како Аца Лукас со сопругата, Сораја, Манда Поповиќ. Јована Пајиќ, Даниел Алибабиќ, Марина Вишковиќ...
21.07.2014 - 12:07
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа