Конечно добри вести: Не е точно дека ќе врне цело лето

Конечно добра вест за летото. Курир го контактираше најпознатиот македонски метеоролог Глигор Митковски, кој потенцира дека не смее да им се верува на временски прогнози направени 30 дена понапред.

-Не е точно дека цело лето ќе врне. Она што можам да кажам е дека во август нема да имаме пеколни температури. Првата половина од месецот, ќе биде генерално посончева и нормално топла. Можно е ден-два да има попладневни врнежи, но никако константни врнежи, рече тој за Курир.

Тој вели дека не може да им се верува на прогнозите направени многу време пред деновите за кои се прогнозира.

-Не смее да им се верува на прогнози направени 30 дена понапред. Особно не во Македонија која е на такво географско подрачје. Временската прогноза за нашата земја се менува, па неможе да се прогнозира од денес, за десетина дена, рече Митковски за Курир.

16.07.2014 - 15:47
Фото: 
курир
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега