Димовски: Опозицијата да се однесува одговорно и да ги стави државните пред партиските интереси

Потребата од надградба на Уставот на Република Македонија во различни сегменти постои. Она што е одговорно е тоа да го правиме врз база на широк  општествен и политички консензус, потенцираше Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, на денешната расправа по повод уставните измени.
Димовски при своето обракање ги повика пратениците кои не се наоѓаат во Собранието,да се однесуваат одговорно и да ги стават државните пред партиските интереси. 
Јас би сакал во оваа прилика да ги повикам оние пратеници кои што не доаѓаат на работа во Собрание,а имаат добиено мандат од граѓаните на Република Македонија да ја прифатат личната одговорност дека во еден ваков клучен момент кога разговараме за уставното уредување на Република Македонија, тие својта партија и своите лични интереси ги ставаат на приоритетно место. Тое е недозволиво , во овој момент државните интереси сериозната дебата дури некогаш и намерното контрирање  и критикување е подобро за државата и е државен интерес отколку личната и партиската агенда која што ја тераат, нагласи Димовски.  
Тој поенцираше дека покрај неколкуте дилеми кои се појавиле не посто поголема разлика помеѓу ниту еден пратеник во Собранието и поради тоа апелираше прашањата да бидат разгледани без да бидат условувани со други прашања.

 

Јас и вчера потенцирав и денеска ќе потенцирам ние имаме разбирање дека секоја политичка партија во РМ има сопствена визија како државата треба да се развива, но патека по која што ќе се развива државата треба да е плод на еден широк консензус овде во Собранието во момент кога ќе може да се поставуваат консензуси како за овие прашања треба да се прават чекорите понатаму, нагласи Димовски.

16.07.2014 - 15:45
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега