Жерновски удри по Шиповиќ - СДСМ ја загуби власта во општина Центар?

Паника во редовите на СДСМ и коалицијата во општина Центар. Откако советниците на ВМРО-ДПМНЕ побараа во петок да се стават на дневен ред, деталните урабнистички планови за Тасино чешмиче, Капиштец - Водно и Мал Ринг, Жерновски е во паника. Градноачлникот на Центар денска на прес конференција рече дека штом опозициската ВМРО-ДПМНЕ става точки на дневен ред кои порано биле одбивани, тоа според неговото политичко искуство значи дека усепале да обезбедат мнозинство.
Социјалдемократите заедно со коалиционите партнери имаат само еден советник повеќе, што значи дека лесно може да се случи, тие да станат опозиција во општината со која досега раководеа. 

Жерновски денеска на прес конфернеција рече дека врз советниците константно се правеле притисоци и дека очекува во петок „некој да ја издаде општина Центар“.

Сакам да апелирам до сите советници да внимаваат кога гласаат. Очекувам поддршка и се надевам дека ќе биде така. Перманентно има притисоци врз сите, посебно врз советниците. Тогаш ќе видиме кој е уценет и за што - нагласи Жерновски и додаде дека се чувствува издаден но дека битката продолжува.

Медиумите под контрола на опозицијата веќе најавија дека најверојатно Шиповиќ ќе биде човекот кој во петок „ќе ја издаде општина Центар“.

Press24 денеска стапи во контакт со Шиповиќ но тој рече дека за овие обвинувања нема коментар. Претходно за медиумите финасирани од СОРОС, Шиповиќ изјавил дека нема притисоци од власта и дека ќе гласа по сопствено убедување

16.07.2014 - 14:40
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега