Ако одите на одмор во Грција внимавајте на комарците

Ако оваа година се решите да летувате во Грција, внимавајте на комарците. Оваа соседна земја е означена како најризична односно кај јужниот сосед имате најголема шанса да се заразите од Западнонилската треска, која се пренесува преку комарците. Грчките медиуми пренесуваат дека оваа годиа над 10.000 лица се пријавиле во болница со симптоми на овој вирус. Најкритичните точки се регионите околку Крф и Солун.

Доколку летувате во Грција, задолжително набавете некој од препаратите кои ќе го заштитат вашиот апартман од комарци.Кога ќе излегувате на прошетка, премачкајте се со некој од препаратите за заштита од инсекти а на помалите деца се препорачува да им се облечат блузички со долги ракави.

 

Во Македонија епидемиолошката состојба е стабилна и надлежните велат дека нема случај на западно нилска треска.

14.07.2014 - 22:03
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега