Пилотите загинале за да ја спасат Струмица?

Специјална комисија ќе ги утврдува причините за уривањето на полицискиот хеликоптер во Струмица.

-Четворицата искусни пилоти на МВР кои загинаа во трагична несреќа завчеравечер во 22 часот ги жртвувале своите животи за да ја спасат Струмица од катастрофа кога решиле да слетаат на ливадата на која единствено имале место да атерираат без да ги загрозат околните објекти. Ова можеше да се чуе на самото место на несреќата, но и од самиот поглед на теренот е јасно дека пилотите барале соодветна локација каде да слетаат без да предизвикаат штета, ако работите тргнат на лошо, напишал Дневник.

Во близина на местото каде се сруши хеликоптерот има неколку фабрики, а на сто метри има и бензинска пумпа, па во експлозијата на керозинот можело да се запалат и овие објекти и да дојде до катастрофален пожар. Очевидец на несреќата за Дневник вели дека пилотот ја спасил Струмица бидејќи сакал да слета на место каде што не би загрозил никого.

-Секоја чест на човекот што го управуваше хеликоптерот. Гледаше да не направи голема беља, па слета тука и можеби немал друго решение и удрил во антената, вели очевидецот Коле за Дневник.

Противпожарната станица била известена за пожарот во 22:05 часот и само по 4 минути две возила тргнале кон местото. Пожарникарите реагираа со 12.000 литри вода и бидејќи станувало  збор за високо запаливи материи од керозинот, се користело вода во комбинација со пена. 

12.07.2014 - 16:12
Фото: 
Стрмицанет
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега