Детали за несреќата на Македонците: Ги честел за свршувачка пред да загинат

Со шок и неверување гастарбајтерите од Македонија, но и жителите на дебарскиот регион ja примија веста дека 19 годишниот Амир Мерчески и 21 годишниот Хамлет Хетемоски загинале во трагична сообраќајка во Италија, пишува Дневник.

Покрај двете млади момчиња, Мерчески од село Бајрамовци и Хетемоски од Џепиште, во несреќата загинал и Јурген Хаску, кој, според извори на Дневник, потекнува од Косово.

- Судбината ја пишува друг, а не ние. Но се прашувам какво било тоа пенкало со која е напишана оваа судбина. Момчињата беа многу примерни, дури не ни пушеа, а камоли да пијат алкохол. Особено н` сега, во текот на рамазанскиот пост. Потекнуваа од родители домаќини, како што велиме ние, работливи, примерни. Пред некој ден Амир се сврши со невеста од нашиот крај, која живее во Италија, па решил да ги почести другарите. На враќање се случила трагедијата, вели за Дневник нашинец, кој добро ги познава семејствата Хетемоски и Мерчески, чиј син единец бил Амир, пренесува весникот.

Италијанските медиуми тврдат дека алкохолот не бил причина за трагедијата. Најверојатно до несреќата дошло поради неискуството на 19 годишниот возач Росарио Бруганди, кој со својот „Форд Фокус“ со неприлагодена брзина влегол во свиок и преминал на другата страна од коловозот и се удрил во автомобил „Мерцедес А“, кој доаѓал од спротивниот правец и удрил во метална банкина. Од ударот, автомобилот во кој биле нашинците прелетал преку банкината и паднал превртен во близина на локален ресторан.

Целата приказна прочитајте ја на Дневник

11.07.2014 - 13:02
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега