Иванов на средба со уметниците кои ќе го отворат „Охридско лето“

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов денеска, во Вилата Билјана, ќе ги прими организаторите на фестивалот „Охридско лето“ и уметниците кои ќе настапат на свеченото отворање на фестивалот - сопранистката Барбара Фритоли и баритонот Лео Нучи од Италија, како и аргентинскиот диригент Луис Горелик.

54-тото издание на културната манифестација „Охридско лето“, која се одржува под покровителство на претседалот Иванов, ќе биде отворена во сабота на 12 јули со гала концерт посветен на Џузепе Верди, на кој ќе настапат Македонската Филхармонија, под диригентство на Луис Горелик, и сопранистката Барбара Фритоли и баритонот Лео Нучи. 

11.07.2014 - 08:27
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега