ВИДЕО: Погледнете ги насилниците кои сееја ужас во Скопје - објавени снимките од најекстремните демонстранти

МВР денеска ги објави видео снимките на кои беа најидентификувани голем дел од најекстремните и најагресивните насилници кои минатиот петок дивееја во центарот на Скопје, повредија 30 полициски службеници и демолираа згради на државни институции.

-Доколку кој било граѓанин препознае некого од хулиганите, може да пријави на телефонскиот број 192 или во најблиската полициска станица. Без разлика дали пријавата би била анонимна, соодветните полициски служби ќе постапат и доколку се потврди идентитетот, против насилниците ќе бидат преземени соодветни законски мерки, велат денеска од МВР.

МВР апелира граѓаните да не дозволат да бидат вовлекувани во ничии сценарија, ниту во какви било насилни инциденти, бидејќи ќе бидат преземани најригорозни мерки и нема да се толерира нарушување на мирот и безбедноста.

10.07.2014 - 15:24
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа