Петгодишно детенце го загуби животот - уште една страотна сообраќајка го потресе регионот

5- годишниот  Богомир Поповиќ, кој во понеделникот беше тешко повреден во сообраќајка на Ибарската магистрала, при која на самото место почина неговата 49-годишна мајка Мииљана и 18-годишниот брат Ѓураѓ, за жал им подлегна на повредите вчера во Ургентниот центар.

-Богомир по несреќата во кома е префрлен во Ургентниот центар. Имал повреди на главата, а лекарите 4 дена се бореа за неговиот живот. За жал, вчера наутро околу 6 часот го загуби животот, велат од болницата.

За потсетување, страотната несреќа се случи кај Шиљаковац додека четирчленото семејство се враќало од море во Црна Гора. Зад воланот бил 49-годишниот Владимир кој изгубил контрола над “дачијата“, преминал во спротивната лента и директно се судрил со шлепер од Нови Пазар.

 

05.07.2014 - 10:27
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега