Му зарила нож во градите - девојка од Охрид се обиде да си го убие сопругот

32 годишната В.Р. од охридско Пештани си заработи кривична пријава откако вчера се обидела да го убие својот 6 години помлад сопруг.

Според информациите од полицијата, В.Р. вчера со кујнски нож го избодела својот сопруг Ј.Р. во градите. Момчето со тешки повреди било пренесено во охридската болница, каде по укажаната лекарска помош, бил задржан на лекување.

Инцидентот се случил ооколу 16 часот, по жестока расправија меѓу сопружниците. Во момент кога В.Р: и Ј.Р. биле во кујната од семејната куќа, дошло до меѓусебна турканица, па девојката посегнала по ножот и го прободела сопругот во градниот кош. Во меѓусебната турканица, В.Р. заработила лесни телесни повреди.

Полицијата извршила увид на местото на инцидентот и подигнала два кујнски ножа, како и делови од облеката на двајцата сопружници кои се предадени на вештачење.

04.07.2014 - 13:29
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега