Мажи кои се паметат цел живот

Во текот на живот жената запознава повеќе од илјада мажи, но немаат сите моќ да остават убав впечаток. Жените на многу мажи не се ни сеќаваат, но има шест типови мажи кои жената никогаш нема да ги заборави.

Првата љубов

Интензивна и хипнотизирачка – тоа е прва љубов. Toj однос е посебен затоа што не учи за љубовта повеќе отколку сите други. Со партнерот заедно растете, се развивате и поставувате критериуми. Дознавaте колку убави работи носи љубовата, учите и за компромисите, но и да застанете зад своите уверувања.

Партнер за заздравување

Тој најчесто се појавува после раскинувањето со првата љубов. После една година врска наеднаш сте сами и време е за нов почеток. Тука настапува тој, рамо за плачење и човек кој е подготвен да ве слуша и да ви угодува. Таа врска најчесто не се развива во нешто трајно, но е одлична меѓуфаза за нова љубов.

Совршен во теорија

Тој едноставно е идеален. Барем во теорија. Одличен е со вашите пријатели, внимава на вас како на принцеза и свесни сте дека би бил одличен материјал за брак. Можеби дури и премногу добар, но изостанува една важна работа – хемија. Ја нема. Најчесто жените со такви партнери излегуваат со надеж дека чувствата ќе им се променат, но како што времето поминува ништо не се случува. На крајот разбираат дека врската треба да ја прекинат.

Шармантен и арогантен

Овој партнер може да се појави во било која фаза во животот. Тој толку е интересен, што не е чудно што жените не можат да престанат да размислуваат за него. Жените и дење и ноќе ќе поминат во СМС пораки и ќе разговараат на мобилен телефон со него и тоа ќе им го „помати“ умот. Неговиот шарм ќе ги спречи да видат тоа што го гледаат сите други – дека тој не е таков како што се чини. Во тој случај најдобро е да се послушаат советите на пријателите и членовите на семејството.

Љубов од студентски денови

Првиот партнер на факултет е одлична подготовка за вистинскиот свет затоа што првпат сте далеку од родителите и уживате во слободата. Кога врската ќе прекине ќе станете свесни за животот на возрасните и ќе научите да се носите со последиците на своите зрели одлуки.

Совршен партнер во мислите

Оваа љубов најчесто не е остварена, затоа што времето едностано е погрешно. Со овој партнер чуствувате поврзаност и страст, но животните околности никако не ја дозволуваат врската. Тој станува се посовршен, особено во мислите, затоа што немал можност да ве увери во спротивното.

Летна љубов

Секоја жена макар еднаш била слободна на летување и таму запознала совршен маж од нејзините сништа. Таа недела што ја поминала со него едноставно е идеална и ви се чине дека остатокот од животот со него би било бајка. Но, колку двојки засновале сериозни врски врз една летна авантура? За жал, одговорот е многу малку.

Извор: Лидер

04.07.2014 - 12:12
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа