Стево Јакимовски како агент на ЦИА - шпионира скриен во автомобил

Скриен во автомобил пред општина Карпош лидерот на ГРОМ и градоначлник на оваа скопска општина ги шпионирал своите вработнеи, односно следел, кој кога доаѓа на работа. Информацијата ја потврди тој самиот во интервју за весникот Вест. Вели дека забележал дека дел од вработените во општината воопшто не доаѓаат на работа а картичките за евиденција на работното време ги даваат на своите колеги кои наместо нив ги отчукуваат пред вратата. 
Току поради тоа, како што вели Јакимовски, нема простор за мешање на политика во одлуката да не им ги продолжи договорите на 23 лица вработени во општината. 
Според него станува збор за неработници кои само го оптеретуваат опшинскиот буџет.

04.07.2014 - 12:09
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега