Срби од Косово со 41 илјади барања за враќање на имот

Срби од Косово доставиле 41 илјади барања за враќање на узурпиран имот на Косово.

Досега својот имот го вратила само една Србинка. Ова го потврдува Игор Поповиќ, од канцеларијата за Косово, кој додава дека Надежда Јовановиќ е таа која го добила случајот за враќање на узурпиран имот од страна на Уставниот суд на Косово. Најпрво таа имала формална одлука за враќање на имотот од страна на Агенцијата за приватизација на Косово но за да го реализира правото требало барање да достави и до Уставниот суд, кој донесол решение во нејзина полза.

- Следниот чекор е барањето да се отстрани узурпаторот,кој во меѓувреме на нејзиниот имот има изградено три куќи и да се остранат трите објекти изградени без дозвола на нејзиниот имот, изјавил Поповиќ.

Според него, косовската агенција за пријатизација нема механизми со кои на ефикасен начин ќе ги спроведе сопствените одлуки, зашто од 41 илјада барања решила многу малку. Тој додава дека прашањето за враќање на имотите е во надлежност на меѓународните мисии на Косово и оти Србија веќе им се обратила ним. Враќањето на имотите, во приватна и јавна сопственост, најавува Поповиќ ќе биде тема на идните разговори со Косово.

04.07.2014 - 09:25
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа