Му ветил па го излажал - еве зошто добил куршум скопскиот адвокат во Бутел

Му ветил па го излажал. Познатиот скопски адвокат добил куршум откако не ја завршил работата за која најверојатно зел пари. Според првичните и се уште неофицијални информации кои кружат низ скопски Бутел, адвокатот му ветил на напаѓачот дека ќе му „среди“ работа во врска со некој предмет за кој веќе биле активирани извршители. Откако адвокатот не ја завршил работата, напаѓачот пукал во него и го ранил. Адвокатот со своето возило сам се одвел во болница. Според последните инфорамции тој е во добра општа состојба.

03.07.2014 - 21:53
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега