Драма во Србија: Маж со часови се заканувал дека ќе скокне од мост

62- годишниот Драган С. од Белград вчера  се качил на Стариот мост на Сава со намера да скокне од него. Полицијата излегла на местото да прговара со него.

Како што пишуваат  српските медиуми Драган претходно избегал од болница, а неофицијално тој бил онколошки пациент и избегал од одделението за хирургија од болницата.

Пожарникарите веќе подготвиле два балони за спасување, а речната полиција чекала во готовност со два нископрофилни чамци.По неколку часа преговори, човекот сепак се симнал од мостот, со што била избегната голема трагедија.

03.07.2014 - 10:59
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега