Паника во Грција: Предупредувања за висока опасност од пожари

Грчките власти денеска предупредија за висока опасност од пожари. Предупредувањата за опасност од пожари се однесуваат за источниот дел од областа Атика, кон која припаѓа и грчката престолнина, јужните региони на Егејско море, Цикладските и Јонските острови, Крит и јужниот дел од островот Евбија, соопштуваат грчките медиуми.

Цивилната заштита во Грција ги информирала државните институции и регионални структури од овие делови на земјата да бидат под зголемена готовност за да можат се справат со евентуалните пожари.

Властите ги советуваат граѓаните да се возддржат од активности кои би можеле да предизвикаат пожари, а, исто така, и да се јават на телефонскиот број 199 при евентуални забележени жаришта.

03.07.2014 - 09:08
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега