ВИДЕО: Погледнете како Супермен го прекина мечот меѓу Белгија и САД

Првото полувреме од мечот мешу Белгија и САД имаше краток прекин поради излетот на популарниот Марио „Ил Фалка“ Фере.

Италијанецот кој е познат по ваквите излети на фудбалските терени, успеа да му избега на обезбедувањето и со својата Супермен маица да испрати порака до светот за поголема грижа за децата во бразилските фавели, а истовремено да потсети и на починатото момче, фан на Наполи, кој загина минатата недела како последица од повредите заработени од хулиганскиот напад кој го доживеа пред финалето на италијанскиот куп.

 

 

 

02.07.2014 - 19:48
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега