Ѓоковиќ со многу мака до полуфиналето на Вимблдон

На Новак Ѓоковиќ му беа потребни пет сета да го совлада Хрватот Марин Чилиќ и да обезбеди пласман во полуфиналето на Вимблдон.

Во мечот кој траеше 3 часа и 18 минути српскиот тенисер го доби првиот сет лесно со 6:1, но во следните два Чилиќ беше подобар и ги доби со 6:3 и 7:6. Првиот фаворит на Вимблдон, Ѓоковиќ во следните два сета не само што се врати во игра добивајќи го четвртиот сет со 6:2 и израмнувајќи го резултатот на 2:2, туку и во решавачкиот пети сет со истиот резултат 6:2 го приведе мечот кон крај за конечни 3:2 во сетови.

За Ѓоковиќ ова ќе биде петто последователно полуфинале на Вимблдон, а за место во финалето тој ќе се бори со бугарскиот тенисер Григор Димитров (11-носител) кој во четвртфиналето го елиминира бранителот на трофејот Енди Мареј.

Во тек е дуелот на Швајцарците (4) Роџер Федерер и Станислас Вавринка, а по два одиграни сета резултатот е израмнет 1:1 (3:6, 6:7).

Во последниот четвртфинален меч ќе играат (8) Милош Раониќ од Канада и Ник Киргиос од Австралија. 

02.07.2014 - 18:46
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега