Светот 2025 година – откријте во кој правец ќе се движи човештвото!

Како светот ќе изгледа во 2025 година е тешко да се предвиди. Сепак „Томсон Ројтерс“ смета дека за десет години пилотската дозвола ќе биде знак на зрелост, и ќе се почне со тестирање на телепортација, но и дека Сонцето ќе биде главен извор на енергија.

Tomson Rojters“ објавил истражување Светот 2025 година: Десет најголеми иновации во кој се прогнозира во кој правец ќе се движи човештвото.

Истражувањето во правеле така што собирале податоци за патенти и научна литература. Одредила десет најатрактивни научни подрачја според цитатите објавени во работите на својата научна мрежа Sciencewatch, но и подрачјата со најголем број на патенти.

Длабоките анализи ги примениле на подрачјата каде виделе дека постои најголем комерцијален и научен интерес.

„Не тврдиме дека имаме кристална кугла, но имаме една најдобра работа – научна литература и попис на патенти. Кога сето тоа заедно ќе го анализираме, податоците даваат фасцинантен увид и иновации кои ќе го сменат нашиот живот во иднина“, вели Базил Мофат од „Tomson Rojters

Сонцето главен извор на енергија

Напредокот на технологијата и системот за собирање и претварање на соларната енергија во електрична ќе стане веќе далеку поважно прашање за се поголем број на луѓе, а не само за еколошки одговорните.

За 11 години методите за собирање и претварање на соларната енергија ќе биде многу поефикасно, а Сонцето ќе биде примарен извор на енергија.

Тестирање на телепортацијата

Благодарение на истражувањата и барањата на Хигсовиот бозон, оваа научна област „експлодирала“ а квантната телепортација е се почеста.

И покрај тоа што во извештаите се наведува дека до 2025 година ваквата технологија ќе се тестира, до телепортацијата луѓето, човештвото ќе мора да почека.

Дигитална поврзаност

Од најмалите лични предмети до најголемите континенти, се ќе биде дигитално поврзано како резултат на се понапредните полупроводници, 5-g технологија и безични мрежи, електрични кондензатори и други иновации.

На наша желба ќе реагира се околу нас и нема да биде важно каде живеете, затоа што и најдалечните фарми ќе имаатинфраструктура како развиените градови.

Модификација на гените и спречување на дијабетис

Благодарение на растот на знаење околу делувањето на молекулите и гените и како со тие процеси може да се манипулира, може да се превентираат голем број на болести.

Дијабетисот од типот 1 и 2 и другите метаболички заболувања може да се спречат затоа што подобро ќе разбереме како RNK ги пренесува информациите меѓу протеините и DNK па исправувањето на гените ќе стане стварност.

ДНК манипулирањето при пораѓањето

Анализите на човечките гени и понатаму е едно од најактивните подрачја на научното истражување.

Напредокот на нанотехнологијата, анализата на ќелиите, обработката на податоците, ќе доведе до тоа да ДНК манипулацијата при пораѓањето ќе биде вообичаена, но и дел од годишниот систематски преглед.

Посигурна борба против ракот

Лекот за борбата против ракот ќе биде далеку попрецизна па ќе се користат специфични протеини и користат антитела кои ќе ги активираат одбрамбените механизми. Тоа ќе значи намалување на влијанието на штетните лекови на пациентите, кои луѓето ги доживуваат со хемотерапијата.

Збогум пластико!

Бионанокомпозитите кои се темелат на наноцелулозите, ќе бидат целосно разградливи што ќе ја исфрлат амбалажата во чие производство се користи нафтата.

Со тоа во целост ќе се прекине со производството на пластичните амбалажи, што ќе има големо влијание на животната средина.

На небото ќе летаат електрични авиони

Со зголемувањето на ефикасноста на батериите, покрај тоа што ќе се промени автомобилската индустрија, ќе се даде и голем подстрек и на новите класи на патнички авиони.

Поради развојот на лесен и цврст материјал ќе бидат создадени и мали летала со кој ќе може многу полесно да се маневрира, а во 21 вел пилотската дозвола ќе стане нов знак на зрелост.

Искоренување на гладта

Напредокот во технологијата осветлувањето и генетски модификуваните посеви, ќе обезбедат храна да има доволно за да ги задоволи сите потреби на сите жители на планетата.

 

Развојот на OLED, LCD и плазма технологијата ќе овозможи емитување на светла на одредени бранови далечини кои ќе го зголемат растот, а модификуваните посеви ќе бидат отпорни на болести и штетници. 

02.07.2014 - 17:34
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа