Пешевски на средба со новиот британски амбасадор

Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски денеска се сретна со новоименуваниот амбасадор на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во Република Македонија Чарлс Едмунд Гарет.

Пешевски го информираше Гарет за политиките на Владата наменети за развој на домашната економија. Соговорниците зборуваа и за спроведените проекти, како и за проектите кои се во фаза на реализација, а се наменети за зголемување на конкурентноста на домашното стопанство и поттикнување на економскиот раст.

Пешевски и Гарет изразија задоволство и ги поздравија билатералните односи помеѓу двете земји, кои, како што оценија, се традиционално добри, со динамична разнообразна соработка. Изразија и желби за натамошен поттик на економската соработка  и зголемување на трговската размена.

Велика Британија е значаен трговски партнер на МАкедонија. Минатата година земјата се најде на третото место на листата на најголеми трговски партнери, со вкупна трговска размена од 806 милиони долари. 

02.07.2014 - 14:51
Фото: 
MIA
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега