ВНИМАВАЈТЕ: Смртоносниот азиски стршен стигна во Македонија

Големиот смртоносен азиски стршлен кој во Европа првпат се појави пред десет години, а пред две недели беше забележан во Словенија, стигна до Кавадарци, објавува Утрински.

Инсектот со портокалова глава ги убаива пчелите, но може да биде смртоносен и за човекот. Овој монструм денеска бил забележан од семејството Ничкови.

Кавадаречкото семејство го забележало инсектот во дворот од нивната куќа и неколку минути водело војна за на крај да успеат да го совладаат. За Утрински раскажуваат дека инсектот го забележале по неговото чудно однесување - се вртел во круг, па застанувал на земја какао да е зашеметен. Тоа го правел петнаесетина минути за потоа да застане врз дрвата наредени за огрев.

-Неколку минути се обидувавме да го совладаме, но беше бадијала. Изгледаше како да е од гума, повторно успеваше да летне. За среќа, на крај го собравме во пластична кутија, раскажуваат Ничкови за Утрински.

Семејството тврди дека добро ги познава стршените од нашето поднебје и дека овој се разликува од нив.

-Од почетокот на пролетта досега нема регистрирано пациенти со убод од стршен, информирал директорот на кавадаречката болница д-р Орце Ангеловскиза Утрински. Тој ги предупредува граѓаните да внимаваат и доколку се случи да бидат каснати од овие инсекти и веднаш да побараат лекарска помош.

-Се’ почесто во лето сме сведоци на алертни портокалови фази, кога температурата на воздухот е околу 40 степени со висок УВ индекс. Оваа пролет на Балканот доминираа поројни дождови и поплави, кои продолжуваат и летово, а во мочурливите региони, каде што водата се’ уште не е исушена, забележано е присуство на поголем број инсекти и глодари, вели за Утрински професорот Томе Лисичанец, претседател на здружението за заштита на дивата флора и фауна.

Како што објаснуваат експертите, азискиот стршен има портокалова глава и голема црна клешта која е во состојба да направи страшни убоди кои личат на рани од куршум. Овој вид стршен е застапен во подрачја во Русија, Кина, Јапонија, Индија и Шри Ланка. Азиските стршени се едни од најсмртоносните инсекти во светот. Летаат со брзна од 60 километри на час и за еден ден може да прелетаат 100 километри. 

02.07.2014 - 14:36
Фото: 
Денешен
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега