Што ќе се случува утре во Битола?

Во четврток продолжува Мултимедијалната колонија во организација на Македонија презент која се одржува во Вила Дајмонд. Во НУУБ Свети Климент Охридски ќе биде промовирана книгата „Неизвесни сетнини“ на Добре Tодоровски. Во Културниот центар Магаза ќе биде отворена изложбата насловена „ЕТАР-Кога минатото оживува“. Во 20.30 во Пацио на Завод и Музеј Битолскиот камерен оркестар и пријателите ќе го претстават досега најголемиот проект на Камерниот оркестар - Rock Symphony. Во рок симфонијата учествуваат: Камерниот оркестар на Битола заедно со Ѓоко Танески , Наде Талевска , Бојан Стојков , Ирена Димовска(Памперс), Нико Ѓоргиевски , бенд и хор. Во Rock Symphony на БИТ ФЕСТ ќе ги слушнете најголемите рок хитови на сите времиња како :We are the champions,Rock you like a hurricane, Full for your loving,The show must go on, Barcelona и многу други.

 

Во античкиот локалитет Хераклеа  со почеток во 20.30 Концерт ќе одржат: КУД Плетенка и гости – културно уметнички друштва од Србија и Бугарија.

02.07.2014 - 11:13
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега