Крадците синоќа направиле „парче"

Крадците дефинитивно не запираат. Во текот на вчерашниот ден направиле парче. 

Според податоците од полицијата, на улицата „Шумадиска“ во Скопје, засега непознат сторител со употреба на физичка сила го отворил прозорецот на куќата на 45-годишниот Б.А. и земал 80.000 шевдски круни, 100 денари, 700 евра и лап топ. 

Исто така, синоќа бил ограбен и манастир во Битола, за што кривична си заработија 22-годишниот С.М. и 18-годишниот Н.М. кои со употреба на камен го скршиле катанецот од манастирот „Свети Јован Богослов“ и извршиле тешка кражба на дел од инвентарот причинувајќи материјална штета од 2.000 денари. 

Кривична пријава си заработи и 31-годишниот В.Р. од Битола кој ограбил куќа лоцирана на улицата „Ѓорѓи Наумов“, од каде одзел околу 3.000 евра, златен накит и мобилни телефони во вкупна вредност од 400.000 денари.

 

01.07.2014 - 12:29
Фото: 
региони
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега