Нема да верувате како се зачнува бебе во едно африканско племе

Сме слушнале секакви верувања, но вакво нешто до сега немате ни видено ниту слушнато.

Родителите се тие кои одлучуваат дали и кога ќе имаат дете, но детето всушност само ги бира своите родители и го пронаоѓа патот до нив, веруваат во едно африканско племе.

Во Африка постои племе каде датумот на раѓање на детето не се смета од денот кога дошло на свет, ниту од моментот кога е зачнато, туку од денот кога детето било во мислите на мајчиниот ум. И кога жената ќе посака да има дете, таа оди и седи под дрво, сама, и слуша додека не ја слушне песната на детето кое сака да дојде.

И кога ќе ја слушне песната на тоа дете, оди кај мажот кој ќе биде татко, за и тој да ја научи песната. Потоа, кога водат љубов и физички да го зачнат бебето, некое време ја пеат песната на детето, како начин да го повикаат.

И кога ќе забремени, мајката ги учи бабиците и другите возрасни жени во селото на песната на детето, за кога ќе се роди детето, сите да ја пеат песната во знак на добредојде.

Подоцна, додека детето расте, и другите селани ја учат неговата песна. Ако детето падне, или го повредиле коленото, некој ќе го подигне и ќе му ја отпее. Или кога детето ќе направи нешто убаво, или ќе помине низ обредите на пубертетот, луѓето во селото ја пеат неговата песна.

Ако во било кој момент во текот на неговиот живот, лицето направи злосторство или неприфатлив општествен чин, ќе го повикаат во центарот на селото и сите луѓе од заедницата го опкружуваат. Потоа ја пеат песната. Сметаат дека кога личноста ќе ја препознае својата песна, ќе нема желба или потреба да направи нешто што би повредило некој друг.

Не мора да растете во африканско племе кое ќе ја пее вашата песна во сите важни животни ситуации, бидејќи животот ве потсетува кога сте во склад со себе, а кога не сте.

Кога се чувствувате добро, тоа што го правите е во склад со вашата песна, а кога се чувствувате ужасно, не е. На крај, сите ќе ја препознаеме нашата песна и ќе ја пееме добро.

 

01.07.2014 - 12:30
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега