Запалена црква во скопска Матка

Во периодот од 22. до 29. месецов  во селото Горна Матка-Скопско, засега непознат сторител влегол во внатрешноста на црквата „Света Недела“ и запалил оган од кој изгореле две икони, а биле оштетени и внатрешните ѕидови.

Според податоците на полицијата, непознатиот сторител покрај темелот од внатрешната страна направил ископ со длабочина од 30-40 сантиметри.

Се преземаат мерки за откривање на сторителот и расчистување на случајот.

01.07.2014 - 12:13
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега