Страотна сообраќајка во Гостивар - патот кон Кичево целосно блокиран

Уште една страотна сообраќајка ја потресе Македонија. Четириесет и едногодишен скопјанец, утрово е тешко повреден во сообраќајна несреќа на магистралата Гостивар-Кичево, во близина на „Здуњски мост“. 

Во несреќата учествувале камион „мерцедес“ со тетовски регистерски ознаки, кој го управувал 48-годишниот Џ.К. и „шкода-фелиција“ управувана од 41-годишниот Ѓ.П. од Скопје.

Во директниот судир, автомобилот бил многу оштетен, па повредениот бил изваден со интервенција на пожарникари. По укажаната медицинска помош во Гостиварската општа болница, како итен случај е пренесен на Скопските клиники. 

Поради сообраќајната несреќа, патот е блокиран веќе 2 часа

01.07.2014 - 12:08
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега