ВИДЕО: Кафулето каде нема вработени и функционира на принцип на доверба

Ако случајно ве носи патот во Северна Каролина и наидете на кафулето "The Vault" веднаш ќе приметите нешто невообичаено-  во ова кафуле нема вработени.

 

 

"The Vault" е самопослужлив локал, кој фукнционира исклучиво на чесноста на луѓето кои го посетуваат. Тие сами си подготвуваат чај или кафе, си земаат пециво, помфрит или сладолед, ќе погледнат колку чини на ценовникот и ќе остават пари на касата. Можете да платите и со кредитна картичка бидејќи постои читач на картички.

"Она што е неверојатно е дека луѓето се навистина чесни". Кога ќе изброиме колку производи биле купени во текот на денот, постојано се случува да остават 15% повеќе од парите според ценовникот", изјавил Дејвид Бреке, сопственик на кафулето кое отвори минатиот октомври.

"Во оваа заедница мислев дека системот на почитување има многу смисла. Изненаден сум што вакво нешто не постоело и порано. Се изненадив кога сфатив дека всушност ова кафуле е единственото", додал за New York Daily News.

01.07.2014 - 11:45
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа