Дечиња од социјално ранливи категории заминаа бесплатно на одмор

Радост за 100 дечиња од социјално ранливи категории. Тие денеска заминаа на бесплатен одмор во детското одморалиште „Мајски цвет“ во Струга.

Првата група на деца кои ќе ја користат бесплатната услуга за одмор и рекреација ја испрати министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, кој истакна дека преку овој проект сака да им помогне и на родителите и на дечињата од социјално ранливите категории.

Првата група на дечиња заминува на летување денеска, а на секои 7 дена  ќе заминува нова со од 100 до 200 дечиња.

За овој проект Министерството за труд и социјална политика издвојува по 12 милиони денари на годишно ниво.

01.07.2014 - 11:11
Фото: 
лидер
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега