Македонец „летал" во Хрватска со 246 км/ч

Хрватската полиција во саботата била со полни раце работа. На автопатот Брегана – Липовац, државјанин на Македонија возел со дури 246 км/ч.

Тој бил запрен од полицијата кај местото Поповача, пишуваат хрватските медиуми. На лице место бил казнет со 3.000 куни и добил забрана за користење на возачката дозвола во Хрватска во наредните година дена.

01.07.2014 - 09:59
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега