Ограничена пловидба на скутери и чамци по езерата низ Македонија

Од денеска почнува ограничувањето за пловидба на скутери и чамци по водите на природните езера во Македонија. Забраната за движење на скутери е до 31 август, во периодот од 11 до 19 часот низ Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро. Чамците пак, не смеат да пловат по езерските води од 21 до 05 часот.

Ограничувањата за пловидба на скутерите, според првиот човек на Капетанијата Горан Устијаноски, се за безбедност на капачите и на учесниците во пловидбата.

- Постојат прекршоци за кои веднаш можеме да издадеме забрана, веднаш да сакнционираме, но постојат некои недостатоци каде можеме да посоветуваме, да дадеме рок до кога може да се средат,  отстранат недостатоците. Доколку тој рок не се испочитува тогаш стапува на сила забрана за пловидба, но ако се продолжи со пловење и понатаму се изрекува и глоба, појасни Устијаноски.

 

01.07.2014 - 09:27
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега