Целиот свет и честиташе на новата Влада на Груевски - само СДСМ не ја признава

Првиот човек на Обединетите наци, премиерите на Франција, Холандија, Чешка, Унгарија. Додека Заев не ја признава, светските лидери редат честитки за ново формираната Влада на Груевски. Бан Ки Мун, Мануел Валс, Марк Рут, Виктор Орбан и Бохуслав Соботка, се последни на листата државници кои упатија честитки до новата македонска влада. Со висока почит, премиерот на Франција на Груевски му го честита новиот мандат.

- Ви посакувам успех во новиот мандат. Особено се надевам дека во текот на вашата влада земјата ќе успее да ги спроведе сите реформи во поглед на нејзиното европско приближување.

Бидете убеден  господине претседател на Владата дека Франција ќе работи на зајакнување и унапредување на политичките односи како и на билатералната соработка која постои меѓу нашите две земји, се вели во честитката упатена од Валс до Груевски.

Ветување дека Нимиц ќе ги продолжи напорите за изнаоѓање на решение за спорот со името и поддршка во новиот мандат изразува и генералниот секратр на ОН Бан Ки Мун.

- Јас верувам дека Вашата Влада ќе продолжи со понатамошното јакнење на демократските институции, вклученоста во дијалогот и одржувањето на внатрешните реформи на вашиот пат кон евроатланската интеграција. Во таа насока,  ве уверувам во посветеноста на Обединетите нации за поддршка на вашата влада и граѓаните во остварувањето на вашите државни приоритети и планови, се вели во честитката упатена од Бан Ки Мун.

- Јас сум убеден дека дијалогот помеѓу ЕУ и Македонија ќе продолжи да зајакнува, со отворањето на нови димензии во годините што доаѓаат.... Ви посакувам многу успех во остварувањето на задачите кои ви престојат, стои во честитката упатена до Груевски од Марк Рут, премиерот на Кралството Холандија.

Поддршка за Македонија на патот на евроатлантските интеграции ветува и унгарскиот премиер Орбан.

-  Убеден сум дека големата победа на предвремените парламентарни избори и овој резултат сведочи за успехот на работата на вашата влада досега, како и ја одразува широката поддршка и доверба во општеството. Ве уверувам дека Унгарија ќе продолжи и натаму да е посветена на поддршката на евроатланската интеграција на Република Македонија која ние сме подготвени да ја потпомогнеме на политичко и на ниво на експерти кои би го унапределе процесот, порачува Орбан.

- Убеден сум дека со вашето претходно искуство ќе придонесете за просперитетот и стабилноста на вашата држава. Длабоко ги почитувам врските кои стојат помеѓу нашите држави и постоењето на одлично ниво на соработка, му пишува на Груевски во честитката за реизборот, Чешкиот премиер Бохуслав Сооботка.

Четситките упатени од европските лидери, се уште една потврда за признавањето на изборниот процес и чистата победа на владеачката партија, кои очлигледно единствено СДСМ не ги признава. Позициите на лидерот на најголемата опозициска партија според познавачите на состојбите го прават единствениот кој не ги признава изборите.  И додека неговата партија води инает тврдејки дека тие се во право, а останатите грешат, Груевски ја зголемува поддршка од своите колеги ширум светот.

Претходно честитки за резиборот на позицијата претседател до Ѓорѓе Иванов стигнаа од речиси сите негови колеги. Успех во новиот мандат и оставрување на државните приоритети му посакаа и претседателот на САД, Барак Обама, претседателто на ЕК, германскиот, претседателите на Турција, Италија, Германија и од целиот регион. 

30.06.2014 - 22:05
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа