ВИДЕО: Уапсени осомичените за организиран криминал за време на поплавите во БиХ

Четири лица осомничени за организиран криминал за време на поплавите во БиХ денеска беа уапсени.

Тие фалсификувале документи за лична идентификација, со цел да претстават поголема штета, со крајна цел да текнат противправна корист од имотите.

Полициските службеници, вчера започнаа акцијата  „Сејлор“, а до сега во текот на акцијата од слобода се лишени четворица осомничени за кривично дело „организиран криминал“.

За нив се смета дека се припадници на организирана криминална група, кои ги искористиле поплавите и извршиле малверзации во процесот на запишувањето на оштетената роба во одредени фирми.

Приведените се однесени во полициската станица во Бања Лука, каде им се врши испитување, по што според упатствата на јавниот обвинител ќе се одлучува за нивниот понатамошен статус.

Вака изгледала акцијата таканаречена „Слејор“.

30.06.2014 - 19:28
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега