Италија од утре ќе претседава со Европската Унија

Денеска е последниот ден од шестмесечното претседавање на Грција со Европската унија, а кормилото од утре го презема Италија.

Во Атина по овој повод ќе биде оддржана скромна церемонија, во согласност со  ветувањата на Грција дека нејзиното претседавање ќе мине  во знакот на штедење.

Италијанскиот премиер Матео Ренци, во среда, на 2 јули, на пленарна седница на Европскиот Парламент, во Стразбур, ќе ги претстави приоритетите за следните шест месеци.

Како што претходно беше најавено, Италија во текот на своето претседавање првенствено ќе се ориентира на стопанскиот раст и вработувањето, а мандатот ќе почне со серија неформални состаноци на министерско ниво.

По Италија, претседавањето со ЕУ од 1 јануари 2015 година ќе го преземе Летонија.

30.06.2014 - 15:47
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега